ССМ на 1 Мај ќе протестира пред Собранието и Владата барајќи линеарно зголемување на платите

Facebook
Twitter
Email
Print

Протестот што го организира Сојузот на синдикати на Македонија на 1 Мај ќе започне пред зградата на Синдикатот по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.

Од ССМ бараат линеарно зголемување на сите плати во јавниот и приватниот сектор од најмалку 2.806 денари во нето-износ.

„Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за креирање нови визии и перспективи. Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците“, се наведува во прогласот што денеска го објави ССМ.

Оттаму ги повикуваат сите работници и синдикати да се приклучат на протестот.

Одлуката да се организира синдикален протест на 1 Мај е донесена на највисоките тела на Синдикатот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи