Ковачки: Украдено масло од канабис во вредност од 2 милиони евра од „5 летерс“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на својот профил на Фејсбук објави дека утрово е украдено масло од канабис во вредност од 2 милиони евра од фармата за производство „5 летерс“ кај крушевското село Алдинци.

„Утрово повторно кражба на марихуана, овој пат на масло во вредност од 2 милиона евра во ’5 летерс‘ кај Алданци. Ако веќе 5 дена го чекаме Спасовски да каже за кражбата на оружјето, бомбите и муницијата во СВР Охрид, може да се претпостави дали и кога ќе го расветли случајов со кражбата на масло од марихуана“, објави Ковачевски.

Инаку Владата и ја одзеде лиценцата за работа на оваа компанија откако во 2020 година имаше кражба на 60 килограми канабис, а при претресот на истражните органи беше забележано дека компанијата произведува многу повеќе од дозволеното, при што беа заплетени над 18.000 стебла на канабис, спакувани во 247 вреќи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи