Пејо денеска се прошета низ прилепскиот пазар, си купи тоа што му требаше, но и си поразговара со пазарџиите, со купувачите, со мајтапчиите, со сеирџиите. Пазарувањето во Прилеп не е само купување разни намирници туку составен дел од начинот на живот на прилепчани. Тука луѓето не доаѓаат само да пазарат, доаѓаат да си помуабетат, да се видат со пријателите, да разменат по некоја добра мисла, но и да го истераат мајтапот без кој не тргнува денот. Како изгледа сето тоа во еден пазарен ден во Прилеп погледнете од видеото.
467