20 Мај – честит Денот на нашите херои – Македонските пожарникари


20 Мај е Денот на пожарникарите на Република Македонија. Што знаеме и колку ја почитуваме оваа професија? Малку знаеме, а уште помалку за неа се заинтересирани одговорните институции во државата.

Најчесто за работата на пожарникарите дознавме во моменти кога се бара нивна помош за справување со несреќите од елементарните непогоди пожари, поплави, земјотреси како и сообраќајни несреќи и други спасувачки интервенции.

Во кои услови и како успеваат да одговорат на работните обврски не така често имаме можност да дознаеме. Дознаваме откако ќе ја завршат работата, за нив размислуваме во мигови кога ги гледаме по улиците со старите возила и дотраената опрема, а потоа ги забораваме…

Има ли доволно обучени кадри за оваа професија? Потребно е итно вработување на повеќе пожарникари за побрзо и поуспешно извршување на работните задачи. Има ли цена работата и пожртвуваноста на еден пожарникар? Нивната пожртвуваност нема цена, а наградата што ја добиваат како плата е понижувачка. Нивната основица – основна плата моентално е минималец од 18.000 денари.

Локалните херои на најдобар можен начин и со добра екипираност, без колебање итаат кон огнот не штедејќи се. Дали власта конечно ќе ги удостои да го добијат заслуженото место под сонцето? Почит за Вас пожарникари! Почит за Вас мирнодобски херои! ТППЕ Прилеп, 20 Мај! ЧЕСТИТ ДЕН НА ПОЖАРНИКАРИТЕ!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи