ВИДЕО – Во Прилеп се одржа првиот „Оpen beauty Hair Fest“, целта е популаризација на овој занает кај младите


Во Домот за култура во Прилеп се одржа првиот „Оpen beauty Hair Fest“ или Фестивал на убавината на кој учество зедоа голем број фризери, бербери и козметичари како од Македонија така и од соседна Србија. Организаторите велат дека првичната цел за одржување на Фестивал била популаризација на оваа професија која се повеќе станува атрактивна за младите.

„Пред се сакаме да го подигнеме фризерскиот занает на едно повисоко ниво сакаме да ги охрабриме нашите млади идни генерации да се запишуваат во фризерските и козметички насоки. Воедно бидејќи е и од меѓународен карактер правиме соработки помеѓу Федерации фризерски од сите наши соседни и Балкански земји“, изјави Крешимир Здравески, директор на Фестивалот.

Најброен занает во Прилеп е токму фризерскиот кој брои околу 160 членови. Берберите и фризерите велат дека е исплатлив финансиски и гледаат перспективна иднина во него.

„Татко ми беше бербер, сега јас, гледам иднина во овој занает, се надевам дека него ќе го наследи и мојот син. И апелирам до младите да го прифатат за иднина овој занает“, истакна Жарко Јованоски, бербер од Прилеп.

Пред публиката се претставија и учениците од средното училиште од смеровите за лични услуги, техничари за убавина и нега и фризери кое добиваат на се поголема популарност во уписите на деветтооделенците.

„И во текот на школувањето учениците се стекнуваат со знаења и вештини и откако ќе излезат од училиштето тие имаат можност да одговорат на барањата на пазарот на трудот“, рече Даниела Зојческа, професор по стручни предмети во лични услуги.

Гостите од соседна Србија ги пренесоа своите искуства на македонските колеги.

 „Трендовите секаде се исти, само што ние сме во мала предност што сме дел од репрезентацијата на Србија, учествуваме на светските натпревари и таму ги гледаме и учиме тие нови трендови и затоа патуваме низ стара Југославија и Европа, држиме семинари, се претставуваме, се е тоа исто само некои нови техники додаваме“, вели Ѓорѓе Ѓорѓевиќ, фризер од Србија.

На овој Фестивал беа претставени и козметички средства од реномирани светски брендови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи