Даниела Перканоска од „Aвто Контрол“ помеѓу 20-те најуспешните жени менаџерки во Македонија


Даниела Перканоска, генерален менаџер на прилепската компанија „Aвто Контрол“ се најде помеѓу 20-те најуспешните жени менаџерки во Македонија и ја доби статуетката „Жена водилка“ на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2022“ која по 26-ти традиционален пат, вчеравечер, ја организираше агенцијата „Марили“, во хотелот „Инекс Олгица Хотел & Спа“ во Охрид.

Манифестацијата се организира како поддршка на жените и нивните заложби за водење успешен бизнис.

Перканоска се најде помеѓу 20 најуспешни бидејќи со контиунуиран успех ја води и развива компанијата и е една од ретките менаџерки што се закити со ова престижно признание, а работи надвор од Скопје.

 

Меѓу наградените, беше и гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска која доби специјална награда за успешно водење на монетарната политика во државата во услови на кризи.

Ова се 20 најуспешни жени менаџерки за 2022 година:

  1. Анита Ангеловска-Бежоска, специјална награда за успешно водење на монетарната политика во државата во услови на криза
  2. Филомена Пљаковска Аспровска, главен извршен директор на Интернационален Картичен Систем АД Скопје
  3. Наташа Паунова Блажевска, генерален менаџер на „Л&Н&Т Диагностик“ – Скопје
  4. Билјана Божиновска, генерален директор на ПЗУ Аптека „Анни фарм“
  5. Ана Марија Вуковска, извршен директор на Property One Real Estate – Скопје
  6. Татјана Узунова Георгиевска, генераен менаџер на „3Д проект студио“ – Скопје
  7. Марина Данева, финансов менаџер на „Апаве СЕЕ“ – Скопје
  8. Вилма Учета Дузлевска, генерален менаџер на Триглав Осигурување Живот АД Скопје – Скопје
  9. Шемса Емшериев, генерален менаџер на „Еуростеп“ – Скопје
  10. Татјана Коловчевска, управен директор на „Леорон“ – Дубаи
  11. Даниела Ташевска Малева, генерален менаџер на „Еуроинг“ – Гевгелија
  12. Даниела Перканоска, генерален менаџер на „Авто Контрол“ – Прилеп
  13. Светлана Пљакоска, управител на „Олимпиа Mоторс“ и „Олимпиа Моторс Аутлет“ – Скопје
  14. Марија Рангелова, менаџер на маркет во „Веро центар“ – Скопје
  15. Весна Стојановска, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво
  16. Меланија Тодорова, носител на брендот „Кубус“ и менаџер на „ЦБС Проект“ – Скопје
  17. Олгица Илоска – постхумно наградена за долгодишно успешно менаџирање со хотелот „Инекс Олгица“ и поддршка на жените во бизнисот
  18. Слаѓана Петровиќ, автор на проект „НАЈжена и НАЈмушкарац 21.века“ – Белград, Србија
  19. Едита Даутовиќ, сопственик на „Милениум“ – Подгорица и претседател на Здружение на претприемачи на Црна Гора
  20. Гордана Николиќ, основач и декан на Висока бизнис школа ПАР – Риека, Хрватска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи