ВИДЕО – Промовиран романот „Ѕвездени окови“ на професорот Александар Костадиноски


Во селото Волково во близина на Прилеп беше промовиран првиот роман „Ѕвездени окови“ на професорот по стручни графички предмети од СОУ „Ристе Ристески Ричко“, Александар Костадиноски. Локацијата за оваа промоција е избрана токму поради магичноста на овој крај. Селото Волково од Прилеп оддалечено е 6 км. Се наоѓа на источниот раб на Пелагонија на североисточните падини на Селечка Планина. Југоисточно од Волково е селото Прилепец, а веднаш зад овој рид наречен Клинкач се наоѓа Чумово. Магичен триаголник во кој со векови егзистирала голема градска населба од неколку илјади жители чие име се до денес е мистерија. Во даличината на пејсажот бдеат киклопските Стогови, а високо над нив надвишува врвот Коњарник.

„Оваа книга долго стоеше во мојата глава, но една провикација од една ученичка „А зошто не сега професоре?“ ме бодеше и мораше да ја напишам. Зад себе оставивме еден тежок период, период во кој се боревме против пандемиија и затворање, притисоци, неизвесност и страв. Во таа агонија наречена „нова нормалност“ се мачевме да преживееме и секој преживуваше како знаеше и умееше. И да биде иронијата поголема ние сме Македонци па нашиот живот е малку позагорчен од останатите. Од сите страни удиирани и економски и политички и човечки. Што е правен Ное меѓу луѓето тоа сме ние Македонците меѓу народите. Ускратено ни беше и пак велевме голем е Господ. Одземено ни беше и пак велевме непогрешлив е Господ. Само надежта нии остана и пак велиме праведлив е Господ. Премногу долго сме го наведнале грбот па сме заборавиле колку сме посебни. Премногу долго сме воделе од народната наведната глава сабја не ја сели, но јас велам да тоа е така но и наведната глава сонце не ја грее“, рече авторот на романот Александар Костадиноски во својот говор пред присутните.

 

 

Според Костадиноски романот ги доловува неговите размислувања и факти за историјата, работи кои можеби сме ги подзаборавиле, но тие никогаш не се избришани.

„Бегав се криев во мојата фантазија. Моите исто страдаа под налетите на новото нормално. Деновиите се редеа, а со нив и бегствата во кои наместо да уживам започнав да се измачувам. Бегството е најлошата можна опција за решавање на некој проблем. Зарем Груев не бил во право кога рекол „Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“. Бегаме од проблемите секојдневно секој на свој начин, бегаме од проблемите за да си ги однесеме дома и ги истуриме врз тие кои најмалку се должни да ги чувствуваат. Јас не сум бегал, секогаш сум застанувал храбро и достоинствено затоа што тоа ми е во крвта. Сега бегав  и јас, но успеав да застам. Успеав да го сфатам и воочам очигледното, едноставното, исконското, а потоа таа моја еурека преку црните букви кои знаат да метаморфозираат зборови, чувства и мисли, преку една необична приказна за човекот кој патува низ времето да ја доловам во роман“, додаде Костадиноски.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи