ВИДЕО – Со „Народен непријател“ на МНТ во Прилеп започна 56-от театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“


Со претставата „Народен непријател“ на МНТ синоќа во Прилеп започна 56 издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Оваа година од 19 предложени претстави од театрите од цела Македонија 8 биле избрани да бидат дел од официјалната конкуренција. Годинешни добитници на наградата за животно дело се актерката Бедија Беговска, доајен на турскиот театар и драмскиот писател Русомир Богдановски.

„Се појавија доста млади актери што ми е драго. Се остава сега на нивното творештво како ќе се развиваат и како театрите ќе ги примат, затоа што се чини дека баш и не постои некоја побарувачка од самите театри за домашен драмски текст“, вели Русомир Богдановски, добитник на наградата за животно дело.

 

„Во меѓувреме одиграв две прекрасни улоги Љубов Андреевна во „Вишновата градина“ и Флорес Фостерџенкинс во истоимениот театарски текст и многу сум среќна, а ми се случија и 2 убави награди“, рече Бедија Беговска, добитник на наградата за животно дело.

После 2 години поради Ковид 19 Фестивалот се враќа во целиот свој сјај без рестриктивни мерки.

„Една година немавме воопшто фестивал заради невозможноста со ситуацијата со Ковид, а ланското издание беше вонредно во октомври и имавме право само на 30% публика. Салата беше тажна, и ние бевме тажни заради таа празнотија. Вечерва салонот е полн и се надеваме дека сите претстави ќе бидат прразник и радост“, рече Катарина Коцевска Хаџивасилева, уметнички директор на фестивалот.

И прилепчани кои во наредните 7 дена ќе живеат со штиците кои живот значат со радост конено го дочекаа овој фестивал. Отворањето го проследија и гости од Србија.

„Јас уште како мало се сеќавам дека мајка ми и татко ми ме водеа на претставите се надевам дека младите ќе ги натераме да ја сакаат уметноста и театарот. Заради тоа што само така можеме да ја одржиме  уметоста во живиот“, рече една посетителка на фестивалот.

 

„Сјај за Прилеп, сјај за Македонија, сјај за глумците. Недостасуваше многу поради короната и не само театарските игри туку и сите случувања во Прилеп“, додаде друга посетителка.

Фестивалот ќе трае до 9 јуни, а истиот ќе го затвори претставата „Боливуд “ на Театар „Комедија“ – Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи