Коалиција на младински организации СЕГА со своите локални волонтери организира еколошка акција „Во потрага по одржливост“, која ќе се одржи на ден 19 јуни (недела) 2022 година во околина на Прилепското езеро, во рамки на солидарниот проект „Одржлива средина и ефективен развој за младите“ кој е финансиски поддржан од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност преку Европски Солидарен Корпус.
Собирно место: Градски Парк „Методија Андонов Ченто“, време: 08:00 часот.
Линк за пријавување за учество на еколошка акција: https://forms.gle/hC15RH7Ueyf1Qake8
Преку еколошката акција младите имаат за цел да промовираат еколошко прифатливо однесување и создавањето на навики за квалитетна животна средина. Краен рок за доставување на апликациите е 17 јуни 2022 година.