На 20.06.2022 околу 02.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека над с. Новоселани, со употреба на сила било влезено во базна станица на мобилен оператор и бил одземен акумулатор, при што бил предизвикан пожар во кој изгорел генератор.
Од екипи од Територијалните противпожарни единици Прилеп и Кривогаштани пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.