Летното издание на “Winter Apricots” викендов во Паркот на Револуцијата

Фестивалот на краток филм “Winter Apricots”, кој веќе 6 години се одржува во градот Прилеп, овој викенд организира филмски проекции во Паркот на Револуцијата.

Во амфитеатарот на “Могила“, овој Петок и Сабота со почеток од 20:30 часот ќе биде прикажана колекција од најинтересните филмови од претходните две изданија.

Во Петок на 24-ти, ќе бидат прикажани филмови од 5-тото издание на фестивалот кое за жал се одржа само во онлајн формат во 2020-та година, а во Сабота ќе биде прикажана селекција на филмови од ланското, 6-то издание на фестивалот.

За крај на настанот, во Сабота после филмските проекции, со почеток од 22:00 часот ќе се одржи концерт на битолскиот изведувач и кантавтор Дејан Марковски. Карактеристично за настапите на Дејан се неговата несекојдневна енергичност, како и изведувањето на композиции на повеќе странски јазици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи