ВИДЕО – Започна рехабилитацијата на планинскиот премин Плетвар во должина од 19 км.


Започна рехабилитацијата на постоечкиот пат Фариш-Прилеп или планинскиот премин Плетвар, како трета фаза од изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, кој практично експресен пат ќе биде од Фариш до вклучувањето со автопатот „Пријателство“. На оваа делница на Плетвар ќе се постави нов асфалт во должина од 19 км. истата се планира да биде завршена до крајот на есента. Додека пак за местата каде на Плетвар недостасуваат 3 ленти допрва ќе се пишувал проектот. Инаку ова е единствениот пат кој освен преку Скопје ја спојува Источна со Западна Македонија, а воедно и еден од најопасните правци поради застарениот коловоз кој секоја година одзема голем број човечки животи.

„Оваа делница е неопходна врска за Пелагонија, потребна беше нејзина рехабилитација за да обезбедиме безбеден и квалитетен сообраќај за поврзување на централниот и јужниот дел од државата“, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Како модернизирање на овој патен правец се предвидува и изградба на автопат Прилеп-Битола, а годинава рехабиилитација се очекувало да започне и на патот од Битола до границата со Грција.

„Овие 20-тина км. се најтешките за возење особено во зимскиот период, очекуваме почетокот на зимата граѓаните од овој регион да возат по новва рехабилитирана делница“, истакна директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Инаку инфрастурата е огромен проблем за Пелагонија. Уште во средината на 90-тите се ветуваше автопатско решение Битола-Прилеп-Скопје кое што еве 25 години потоа се ветува на сите избори. Новиот пак експресен пат Прилеп-Градско се гради од 2016 година, а неговото завршување е далеку од готово.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи