На 21.06.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, санкционирани биле 51 возачи, од кои 21 санкции се изречени на територија на Битола, 18 санкциии на територија на Ресен, 5 на територија на Прилеп, 1 во Демир Хисар, 4 во Крушево и 2 во Македонски Брод.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.