Притвор за прилепчанецот кој ја избоде поранешната сопруга

Судија на претходна постапка му опреди 30 дневен притвор на прилепчанецот кој пред два дена на спиење ја избоде со нож поранешната сопруга. Четириесет и седумгодишниот прилепчанец пред два дена наутро отишол во куќата каде живеела неговата поранешна сопруга на улицата „Дабничка“ во Прилеп се качил во собата кадешто спиела и прво почнал да ја дави со рацете околу вратот и да ја удира со тупаници по главата и по телото.

Од појасот извадил нож и на поранешната сопруга и нанел неколку убодни рани во телото и ногата. Го совладале тројца соседи кои го изнеле од куќата и го спречиле да ја оствари намерата. Јавниот обвинител побарал, а судијата го прифати барањето за притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и врз оштетените.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи