Ќе се формира Агенција за безбедност на сообраќајот на патиштата

Подготвивме законско решение за Агенција за безбедност на сообраќајот на патиштата и наскоро ќе влезе во владина процедура, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска беше на увид на обновата на 19 километри на магистралниот пат Прилеп- Градско.

Според Бочварски, со оваа Агенција ќе се подигнува нивото на безбедноста на патиштата.

„Примери од други земји во регионот и во Европа покажале дека ваквиот концепт и принцип на работа со обезбедување на едно извршно тело кое што ќе има поголеми ингеренции во делот на безбедноста на патиштата ги дава резултатите. Имавме целосна поддршка и од ЕУ преку нивните експерти и сознанија за да го изработиме ова како концептуално решение, а денеска веќе го имаме и како законско решение кое што ќе влегува во владина процедура. Веднаш потоа, по усогласувањето со сите ресорни министерства ќе оди и во Собранието за да биде одобрен овој закон“, рече Бочварски.

Новото тело ќе има извршна улога со дел ингеренции од министерствата за транспорт и врски, за економија, за здравство и за внатрешни работи.

„На некој начин, ќе се надгради силата или моќта на ова кое што го имаме денеска како Републички совет за безбедност бидејќи ова има советодавна улога, а ова тело кое го формираме ќе има извршна улога и дел од ингеренциите кои ги имаат Транспорт и врски и МВР, Министерството за економија и Министерството за здравство ќе се прелеат во ова нова извршно тело. Тоа ќе значи дека во делот на безбедноста во сообраќајот ќе имаме една институција која ќе работи и убеден сум дека ќе ги даде своите резултати“, изјави Бочварски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи