ВИДЕО – Жителите на Ерековци остануваат без единственото пасиште, државата парцелата ја дава под концесија


Жителите на прилепско Ерековци остануваат без единственото пасиште во околината на селото, затоа што државата го дала под концесија на жител од соседното село Канатларци за обработување на ниви. Станува збор за парцела од поранешниот ЗИК Прилеп, голема 21 хектар, која жителите повеќе од 40 години ја корисистат за пасење на говедата. Велат дека доколку не државата не ја смени одлуката 40-тина домаќинства ќе биделе приморани да продадат над 300 грла крупен и ситен добиток бидејќи нема каде да ги пасат.

Чуваме шталски крави што треба да се пуштат да пасат. Јас имам 10 – 15 грла, зедов кредит да направам штали за да се проширувам, купив трактор 20-30 илјади евра механизација земам. Од тие крави живеам, од тие крави и млеко продавам, фамилија, деца гледам, кредити враќаме, значи ако ни ја земат оваа парцела, уште оваа остана, треба ние да ги продадеме. Нас државата фактички треба да не затвори или социјален случај“, вели Трајче Вчковски, жител на с. Ерековци.

 

Ако ги продадеме кравите излез никаде, еве јас со мажот и со детето кравите ги чуваме. Со 300 сили го запираме да не замини странство, да остане тука детето, ама ако ги продадеме кравите што ќе прави тука“, кажа Алтана Нечовска, жител на с. Ерековци.

 

Ние овде 40 фамилии што сме со крави, со овци треба да ги продадеме и да немаме крави. Како ние ќе го унапредиме земјоделието кога ќе се уништи сточниот фонд, ќе нема млеко. Сега бараа за сончоглед да се сади, ги молат луѓето садете сончоглед ќе ви дадеме субвенции, тогаш ќе бараат и за млеко. Кравите кога ќе ги продадеме од што ќе живееме ние“, рече Љубе Глигуроски, жител на с. Ерековци.

Иако уште од 2016 година барале од државата парцелата и официјално од обработливо земјиште да се пренамени во пасиште, засега немале слух од никого. Последен пат биле вчера во Министертсвото за земјделство од каде биле одбиени.

 Пасиште, а се водело нива, а ние од 2016 година во Скопје поднесувавме барање за да се пренамени во пасиште. Ни кажаа и во пашарина дека можело така. Во Скопје кога појдовме некоја Жанета ми се развика, јас бев, дека не може да се пренаменува, не може да се користи државна земја без пари, мора да се плаќа. Јас и кажав дека плаќаме пашарина, ми рече не плаќате за оваа парцела пашарани, не знам за што плаќате, за кое место. Само ова место ни е единствено, друго место немаме“,  додаде Златко Стојаноски, жител на с. Ерековци.

 

 Не можело државното земјиште да се користи за пасишта, а пашарина сите овие луѓе имаат белешки, сите плаќаат. И за неа ќе плаќаме, ако треба нека ни поскапат, повеќе пари ќе даваме само нека ни остани“, истакна Борче Мицевски, жител на с. Ерековци.

Од подрачната единица на МЗШВ Прилеп велат дека политика на Министерството било што повеќе државно земјиште да се стави во функција за производство на храна, особено во вакви кризни периоди како сегашниот. Жителите пак бараат итно преиспитување на одлуката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи