Концерт на прилепската пијанистка Јасмина Трајческа во Гевгелија

Со концерт насловен „Словенски воз“ чии организатори беа Домот на културата и музичкото училиште, синоќа пред гевгелиската публика се претстави пијанистката Јасмина Трајческа од Прилеп.

Според програмата, концертот содржеше премиерна изведба на дела од композиторите Стефан Гајдов, Билјана Бојовиќ и Леош Јаначек, а беше изведено и делото „Македонски триптих“ од композиторот Тодор Скаловски.

„Концертот всушност претставуваше синтеза на словенската и балканската музика, богата со фолклорни елементи кои преплетуваат во сите фрази компонирани во модерен класичен стил и разни ритмови што оваа музика ја прават препознатлива за овие простори“, велат организаторите.

Пијанистката Јасмина Трајческа додипломски и постдипломски студии завршила на факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор Валери Стефановски. Зад себе има богата концертна дејност со голем број меѓународни награди.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи