Катастрофален возен парк на ТППЕ Прилеп. Попладнево 2 возила на противпожарната служба се расипале искачувајќи го преминот „Слива“ во обид да стигнат до мариовското село Дуње каде се запалила една штала.
Инфо Компас од свои извори дознава дека возило од марката ФАП, кое е произведено на почетокот на 70-тите, зарибало во обид да го помине планинскиот премин „Слива“, па потоа морало назад да биде шлепано од друго противпожарно возило.
Преминот не успеало да го помине и едно од најновите возила на службата, кое исто така кога увидело дека неможе да продолжи се вратило назад. Единствено до Дуње пристигнува само едно возило на ТППЕ Прилеп, но и тоа со големи проблеми, затоа што и тоа возило не е во најдобра состојба.
Нашите извори велат дека од 8 возила со кои располага ТППЕ Прилеп, 4 не се функционални. Потребна е итна интервенција за набавка на нови возила и опрема за пожарникарите.
Изгорената штала во селото Дуње