Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат откупната цена за пченицата да се движи од 20 до 22 денари за килограм, но исто така бараат да добијат и дополнителни субвенции од Министертсвото за земјоделство пред почетокот на есенската сеидба. Од Асоцијацијата на земјоделци на Македонија потенциираат дека ако среде откуп се зголеми цената на лебот, тие ќе веднаш ќе бараат и повисока цена за пченицата.
„Ако од 1 кг. брташно се произведуваат 3 векни на леб околу 120 или 130 денари чини еден килограм брашно. Тоа значи ако 40 денари е лебот, 40 денари оставаме за преработувачите, односно млинарите и 40 денари остануваат за нас како производители на пченица. Тоа значи од откупувачите и производителите на леб на добиваме ние од нив авансно плаќање на пченицата, како вештачки ѓубрива, нафта и друго. Затоа што ние работиме и за ние да заработиме, но и тие да заработат“, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијација на земјоделци.
Земјоделците очекуваат родот да се движи околу 4 тони по хектар. Родот бил просечен затоа што немале пари навремено да ја наѓубрат пченицата.
„Затоа ќе бараме дополни субвенции за наредна сеидба да се покриваме, затоа што неможеме да излезиме на крај со сите трошоци. Не можеме да фрлиме ниту ѓубриво, оваа година ќе ни бидат послаби пчениците затоа што немавме средства да фрлиме ѓубриво навреме“, додаде Трајче Стомнароски, земјоделец од с. Пашиноруфци.
Годинава се очекувало домашна пченица од над 255.000 тони, исто како и лани, а потребните дополнителни количини ќе се увезувале. Според министерот Николоски во моментов сите сили биле насочени кон тоа Македонија да стане што е можно помалку увозно зависна за стратегиските култури, да го одржиме и пред се да го зголемиме домашното производство.
„Токму затоа е Националниот план и Интервентниот фонд, преку кого доделуваме и 50% зелена нафта и 40% за вештачки ѓубрика која ќе продолжи како поддршка и во есенската сеидба и ги опфаќаме сите останати сектори, даваме 100 евра дополнителна субвенција доколку се оствари принос и кај сончогледот и кај пченката и пченицата кои што е дефиниран“, вели Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
За тоа дали и колку ќе се откупела пченица за државните резерви ќе зависело од од ребалансот на буџетот со кој биле предвидени дополнителни 4 милиона евра.