Седум санкции на територија на Прилеп за брзо возење

На 28.06.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, санкционирани биле 47 возачи, од кои 18 санкции се изречени на територија на Битола, 22 на територија на Ресен и 7 санкции на територија на Прилеп.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи