Ваквите вандалски чинови нема да ме поколебаат како директор на едно од водечките јавни прретпријатија да продолжам да работам со полн капациитет и се во интерес на Прилеп и прилепчани, истакна во својата изјава дииректорот на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, Рубин Абрашоски, на кого вчера му беше запален автомобилот пред неговиот дом.
„Продолжуваме таму каде што застанавме да го вратиме стариот препознатлив сјај на градот, продолжуваме Прилеп да бидие најлчиист град, да подигнуваме нови паркови и нови зелени површини.
До органите на прогонот да им порачам да постапат исто онака како што постапувале за некои функциионери и да ги отворат прилепските сајтови и да ги видат заканите кои се упатуваат кон мене во врска со палењето на мојот автомобил.
Ова го зборувам затоа што ќе поднесам пријава само за да обезбедам заштита за мене и за моето семејство. Сакам да им порачам на сторителите на овој гнасен политичко-криминален чин дека не им се плашам, можат да продолжат со ваквите работи, меѓутоа јас ќе продолжам да работам како знам и умеам, чесно поштено и професионално.
Не би сакал да кажам, полицијата работи на случајот и се надевам дека во најскоро време ќе го пронајди сторителот.
До сега не сум имал лична закана, да ми се обратат, преку социјални мрежи можеби, меѓутоа секогаш во интерес на истрагата, не е добро да кажам. Но не се плашам, имам индииции, не му се плашам, бидејќи ми чепнаа во мојот дом, ќе се истера работата. И нема да останам тука, ќе се тера до крај како за сите други работи што ги работам.
Пак ќе повторам не им се плашам, само жал ми е што трпат мојата мајка и моите деца. Секое мое излегување го проследуваат со страв. Никого никогаш не сум му направил ништо. Моите сограѓани добро ме познаваат кој сум што сум и како работам.
Целиот мој работен век сум го поминал во „Комуналец“, препознатливо лице сум во градот, и по работата и по спортот, така што со ништо не сум заслужил вака да постапуваат со мене“, рече Абрашоски.