Прилепчани вечерва во мал број се собраа пред камената бина, во центарот на Прилеп, од каде повикаа НЕ за францускиот предлог. Упатија апел до Владата да не го прифаќа предлогот по никоја цена, затоа што тоа значело бугаризација на Македонија. Исто така беше упатен апел до граѓаните за помасовна излезеност затоа што немало да има други денови за спас на Македонија.