Во голема акција на шумската полција синоќа се одземени 5 возила марка Лада со кои се пренесувале нелегално исечени дрва. Освен возилата се одземени и 16 кубни метри дрва. Акцијата се одвивала кај местото Студенец, кај Борула, во близина на манастирот Свети Ѓорѓија. Особено голема тешкотија на шумските полицајци им претставувало тоа што при бегањето дрвокрадците од 5-те Лади извадиле 2 акумулатори и 3 волани за да ги онеспособат возилата. Но и покрај тие проблеми шумските полицајци ги симнале возилата во градот, каде се предени на плацот во ЈП „Црн Бор“.
Во вторникот пак вечерта на улица „Круме Волнароски“, кај домот во Тризла, е фатено комбе од с. Црнилиште кое превезувало 4 кубни метри нелегално исечени дрва. Комбето и дрвата се одземени, а против сопственикот ќе има и соодветна пријава.