Ова ни на крај памет не ми беше во една самостојна држава како што беше Република Македонија, вакво нешто да се случи, да ни ја решава судбината, да кажува некој дека не сме Македонци, дека сме Северномакедонци, дека историските личности како Пере Тошев, Дамјан Груев се Бугари, тоа не може да помине кај мене, истакна на денешниот протест кај Заполшки мост, Илија Димоски – Шаторо, прв градоначалник на Прилеп, после осамостојувањето на Македониија 1991 година.
„Значи со овој договор јас јасно и гласно кажувам дека ние ќе влеземе во ЕУ единствено ако кажеме дека сме Бугари, тогаш утре ќе влеземе, инаку нема и овој македонски народ уште пожестоко да реагира и да не се предава. Македонскиот народ си е Македонски, илјадници луѓе лежат по планините што се бореле и што го дале животот за Македонија.
Уште еднаш кажувам, Македонскиот народ нека се обедини и овие протести не се организирани од една партија, овие протести се организирани од Македонскиот народ, Македонскиот народ си ја сака државата и ништо друго освен Македонија.
Се сложивме на Северна Македонија, сега и тоа не бришат дека бевме Македонци, поедини функционери од ЕУ не нарекуваат Северномакедонци па потоа се извинуваат, што не е во ред. Пак уште еднаш кажувам дека сето ова мириса дека треба да бидеме една држава со Бугарија.
Како може овде да признаеме бугарско малцинство кога во Прилеп јас знам само тројца луѓе што се декларираат како Бугари, а ќе влезат во Уставот и тоа не во преамбулата туку внатре во Уставот, како државотворен народ.
А Македонците во Пиринска Македонија од никого не се почитувани, ниту од бугарската влада, ниту од нашата, ни од првата, ни од втората, ни од третата влада, ниту од оваа. Оставени се луѓето таму сами на себе, а таму има големи Македонци“, вели Димоски.