Пронајдена марихуана кај две лица во Прилеп, при спроведување на превентивна активност „Безбедно лето 2022“


На 09/10.07.2022 година во времето од 23.00 до 03.00 часот на подрачјето на Прилеп беше спроведена акциска контрола во рамките на „Безбедно лето 2022“ при што беше извршена  контрола низ градските паркови и места каде има зачестено присуство на граѓани при што легитимирани беа 17 лица, преглед беше извршен над 16 лица, а кај две лица А.Ч (26) и И. Д(29) и двајцата од Прилеп беше пронајдена марихуана при што истите беа лишени од слобода и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава по чл. 215 и чл. 216 од КЗ.

„Исто така на ден 10.07.2022 година во 00.05 часот во насока за постапување по план за „Безбедно лето 2022“ од страна на полициски службеници од СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција, сообраќајна полиција, во содејство со Полициската станица од општа надлежност во Прилеп и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, извршена е контрола во угостителски објекти  во Прилеп, при што легитимирани беа 57 лица, преглед беше извршен над 25 лица, а приведени беа 19 малолетници затекнати во угостителски објект после полноќ, од кои кај 5 од нив констатирано присуство на алкохол. Исто така, приведено е и едно лице поради точење алкохол на малолетници, согласно чл.204 од Кривичниот законик. При контролата констатиран прекршок по Законот за лична карта, односно неносење на документ за идентификација“, велат од СВР Битола.

Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави посебно кај младата популација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи