Денес од 20.00 часот во кино „Мис Стон“ од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи групата Баклава, која пред прилепчани ќе се претстави со избор на музика од нивните албуми.
Баклава е групата која ја оживува музиката, која ги пренесува сопствените корени. Со минималистички музички концепт, создаваат авторска музика во жив дијалог со естетските дострели на светската музика. Основана е 2005 година, како резултат на индивидуални музички искуства на нејзините членови во различни проекти. Групата има настапувано низ земјава, во Данска, Франција, Германија, Белгија, Чешка, Турција, Србија…
Концертот е финансиски поддржан од Министерството за култура во програмата за 2022.