Синоќа гром предизвика страшен пожар во Прилеп – изгореа 4 куќи

Синоќа во невремето кое го зафати Прилеп гром предизвика страшен пожар. Веднаш по полноќ гром удри во семејна куќа на улица „Кузман Шапкарeв“, а зафатени беа уште 3 други куќи, при што е предизвикана огромна материјална штета.

Од страна на ТППЕ Прилеп веднаш е интервенирано со сите расположливи возила и пожарникари во моментот и пожарот е локализиран околу 4 часот утрово, а се уште се расчистува и обезбезбедува теренот. При интервенцијата неколку од пожарникарите се здобиле со мали повреди. На терен излегла и првата помош, која покрај на повредените пожарникари интервенирала и за смирување на сопствениците на домовите.

Големите пламени јазици и густиот чад ги вознемирија граѓаните од населбата Марино Маaло, кои потенцираа дека екипите на ЕВН задоцниле со исклучувањето на струјата, што ги оневозможило пожарникарите ефективно и веднаш да започнат со гасење на пожарот.

На лице место во раните утрински часови излегоа и градоначалникот и директорите на јавните претпријатија од градот кои ветија помош за погодените семејства.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи