ВИДЕО – Итната помош од Прилеп, од стариот и руиниран објект, се преместува во Општата болница


Од денеска после повеќе од 40 години Итната помош од Прилеп, од стариот и руиниран објект, се преместува во составот на Општата болница, ќе биде лоцирана во делот на Ургентното одделение, кое се уште не е започнато со работа. Ова ќе значи многу подобри услови за работа и на медицинските лица, но и побрз трансфер на пациентите до одделенијата каде имаат потреба.

Оваа служба ќе функционира во овој дел, каде што имаме нова опрема која претходно беше обезбедена, а од аспект на инвестициони вложувања го обезбедивме паркинг просторот, благодарение на една општествено одговорната компанија ИБО ПОД. Така овој тип на медицинска служба ќе може да биде подостапна и до одделенијата, а во интерес на пациентите да можат да ги обавуваат и оние дијагностички методи кои се во близина, овде на одделенијата на болницата“, вели Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.

Од итната помош се надеваат дека освен нови простории ќе добијат и нови лекари затоа што моментално службата функционира со 10 лекари, а за нејзино нормално работење потребни се 15.

Премногу сме оптеретени како персонал, ама мораме да одговориме на сите обврски и задачи. Просечно, околу 100 пациенти во 24 часа, бидејќи брзата помош работи и како дежурна амбуланта. Се надевам дека за брзо време и ќе се доекипираме, бидејќи  стварно имаме проблем со лекарите, да можеме да излезиме во пресрет на целата прилепска општина“, додаде Снежана Петровска, раководител на Итна помош Прилеп.

Стариот објект ќе биде даден под наем. Кожното одделение ќе било префрлено во Здравствениот дом, а додека Итната стоматолошка амбуланта ќе биде во болницата во просториите на максилофацијалното одделение.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи