Писателите од Порече – Порече вечна инспирација

Facebook
Twitter
Email
Print


Секој автор знае дека творештвото е своевидна, сериозна и одговорна работа за да се постигне замислената цел, со вредности на естетска одлика. Познат е фактот дека според разните околности, и авторите тематски се насочени, така е и со мене, вели писателот и поет Саво Костадиновски, кој живее во Келн Германија, а е по потекло од Поречието.

„Во педесет годишното отсуство од татковината, моето творечко битие го одликуваат патешествените теми, импресиониран од бројните патувања, физичкото одсуство од родниот крај, ми е израз на носталгиите. Неизбежна ми била и родољубивата тематика, за која ми сведочат десетина книги, меѓу кои се: „Сѐ од љубов кон Порече и поречани“ , „Живот за Ботуше“, „Лето во родниот крај“ , „Сѐ од љубов за Ботуше и ботушани“ романот „Трите Века“ и Други… Имено, да се надоврзам со искушението на другите автори, пред сѐ за пример го земам младиот поет Бојан Бежоски роден во Македонски Брод, кој според степенот на својата моќ уште во младоста неговата дарба преку неговата безвременска книга со наслов „Културата и традицијата на поречката заедница“ високо го легитимирала како Антрополог, со што веќе си обезбедил транспарентно место да се спомнува во Порече многу долго. Бојан Бежоски е автор на уште неколку книги, издвојувајчи ги „Од шепотот на срцето“, „Низ виорите на судбината“, вели Костадиновски.

Инаку младиот поет Бежоски исто така е учесник на многу бројни поетски манифестации во и надвор од државата и е добитник на многу бројни награди и признанија, во 2016 година е прогласен за писател на годината. Поезијата на Бежоски е преведувана и на неколку јазици, српски јазик , германски јазик и турски јазик. Дел од поезијата на Бежоски, е запечатена и во неколку антологии.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи