ВИДЕО – Спасени 2 туристки од Полска паднати во пресек од карпа кај „Трескавец“ – уште еден доказ колку е потребна спасителна служба


Вистинска драма се случувала попладнево кај манастирот Трескавец кај Прилеп. Спасени две туристки од Полска кои на враќање од манастирот паднале во пресек од карпа над една провалија. Туристките кои биле сестри, биле дел од поголема група која го посетувала манастирот. На враќање останале зад групата и се загубиле паѓајќи во еден пресек од карпа. Околу 16 часот туристките се јавиле на 112 и кон местото веднаш се упатиле Дарко Неданоски и Иван Атанасовски, членови – доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ кои според коордиинатите ги пронашле девојките и им дале прва помош.

„Не бевме во можност да движиме ниту надолу, ниту да одиме нагоре, бевме заглавени и премногу исплашени, повикуваме спасителна служба и да не беа овие момци неможам да замислам што можеше да се случи“, рече Силвија Лешиковска, туристка од Полска.

Инаку Дарно Неданоски е основачот на Спасителната служба Златоврв од Прилеп која за жал сега не функционира. Неданоски случајно овие денови е на одмор во Прилеп па можел да интервенира на овој настан. Откако и после сите обиди да докаже колку се потребни вакви спасителни служби ниту општината, ниту државата немаше слух за тоа, па тој мораше поради егзистенција да замине да работи во странство.

Ова е навистина уште еден случај каде што се потврдува и среќа е што се заврши со среќен крај, каде што се потврдува нашето отсуство на државна спасителна служба. Еве еден основен пример како туристи кои доаѓаат тука во околината на Прилеп и ја посетуваат цела Македонија, организирани во еден автобус, да заглават во карпите и бидејќи не го познаваат теренот се случила паника и бараат помош од државни институции. Среќа што јас и тимот тука сме моментално во градот па можевме брзо да интервенираме и да им помогнеме на овие девојки. Навистина е неодговорно што се уште немаме ваква државна спасителна служба“, рече Дарко Неданоски, спелеолошкиот клуб „Златоврв“ Прилеп.

Нејасно е како државата сака да го развива авантуристичкиот туризам без да има ваков вид на служби.

Доста ургиравме и работевме спасителни вежби со сите институции и направивме и план и програма да имаме тука локален спасителен тим на Општина Прилеп кој ќе биде во функција 24/7 со кризен штаб, си сите ресурси како треба да изгледа тоа, затоа што ако ние го форсираме овој авантуристички туризам, маунтин бајкерите, параглајдерство, планинарење, спелеологија и уште многу други различни аутдор активности кои се поврзани со природата, а немаме спасителен тим кој може да одговори. Навистина ова е срамно затоа што немаме таков тим, а луѓе доаѓаат секојдневно“, додаде Неданоски.

Двете туристки, без никакви повреди, освен со помали гребаници, околу 19 часот беа предадени на нивната група која веќе беше слезена во градот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи