ВИДЕО – Вработените во „Прилепско поле“ 3 месеци без плата и здравствено осигурување


Поради три неисплатени плати, вработените во „Прилепско поле“, подружница на Водостопанство на Македонија излегоа на проотест со едночасовен прекин на работата.  Во крајно незавидна состојба се 25 те вработени и 11 сезонски работници. револтирани се од незаинтересираноста во АД „Водостопанство да се реши состојбата. Воедно вработените истапија и од синдикатот незадоволни од инертноста на Сојузот. Иса Елмазоски, вработен на одржување во „Прилепско поле“ вели дека сепак ја завршиле  сезоната за наводнување за да не ги стават во тешка ситуација земјоделци.

„Денес излеговме на едночасовен протест за да го искажеме нашето незадоволство од незаинтересираноста на одборот на директори на АД Водостопанство за обезбедување плати за вработените. Не се исплатени 3 плати, а еве и четвртата веќе е одработена. Од Владата имаме добиено решение за обезбедување средства за исплата, но сѐ уште не е реализирано. Во ова кризно време вработените се без пари и без лекарско осигурување. Исто така, го истакнуваме и незадоволството од работата на Сојузот на синдикати како  матичен синдикат, бидејќи до денес немаат преземено никаква активност со цел да се изврши притисок на надредените. Во знак на незадоволство сите вработените потпишавме истапница“, рече Елмазоски.

Горанчо Каранфилоски, вработен во „Прилепско поле“ во името на колегите ја истакнува крајно незавидната ситуација во која се сите, особено во ова тешко, кризно време.

„Немаме пари, банките не притискаат за кредитите, децата тргнаа на училиште, немаме да преживееме. крајно тешко е во ова кризно време. не знам колку полошо од ова може да биде“, вели Каранфилоски.

„Прилепско поле“ е една од 14-те подружници на „Водостопанство“. Според раководството на подружницата, им е речено дека владата го прифатила барањето за подобрување на ликвидноста на претпријатието, поминал и финансискиот план, ама услов било Водостопанство да обезбеди една плата.

„Прилепско поле“ има целосна наплата за наводнување на 450 хектари со склучените 1 800 договори со земјоделците.  Тешко може да се размислува и за одржување на каналите поради проблеми со механизација зашто се соочуваат со недоволно обезбедени средства за поправка на дефекти, несервисирани градежни машини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи