ВИДЕО – Цената на водата во Прилеп ќе поскапи за 20%


Денес Ви се обраќам како директор на ЈКП „Вододвод и канализација“ Прилеп со искрена почит кон Вас затоа што сакам нештата да бидат појасни за сите и да ги отфрлиме политичките напади на СДСМ кои во моментот се целосно неосновани и неоправдани. ЈКП „Вододвод и канализација“ Прилеп е едно од претпријатијата кое претставува столб на Прилеп, пред се затоа што ја обавува дејноста за водоснабдување на населението со вода за пиење која е неопходна за живот и опстанок, рече директорот на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп, Игор Гулабоски.

„Во овој момент претпријатието се наоѓа во една незавидна состојба, единствено  поради тоа  што дирекно  е погодено од енергетската и економска криза. Енергетската криза за која не сака многу да зборува локалната опозиција, очигледно затоа што сакаат да го избегнат моментот од нивната неспособност како политичка партија која ја менаџира оваа криза, па еве сега гледаме дека дефокус прават со јавните претпријатија кои ги прават последните маневри за спас. Сакам до јавноста да ја доближам работата на претпријатието со една јасна и целосна слика за работењто и функционирањето на истото.

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп после одржаниот Управен одбор достави предлог  одлука до Советот на Општина Прилеп за ново утврдување на цената за вода за период октомври 2022г. до 2023г.

Растот на цената ќе биде за 20% од сегашната цена за вода. Овде сме должни како одговорни лица да  објасниме како се формира цената. Неа ја формира и задава регулаторната комисија за енергетика на РМ. Моменталната тарифа на цена која ја користиме од РКЕ е нешто пониска од просечната зададена која е формирана врз основа на финансискиот биланс на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп од 2020г. Во неа е вкалкулирана цената за ел.енергија од 3,16ден по KWH. Овие тарифи се дадени за период 2021г. 2022г. и 2023г. Овде потенцираме дека на ЈКП Водоводи канализација Прилеп за месец август  наплатено за потрошената ел.енергија му  е 34,75 ден по KWH., или да биде уште појасно , до октомври 2021г. ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп плаќа 1,000,000ден, а додека за месец август сметката за ел.енергија е со фанстастичен износ од 7,5 мил денари. Во проценти, 700% повисок трошок! Во моментов центата на водата ја корегираме само 20%. Почитувани, што да кажеме за сметките кои ги очекуваме во зимскиот период?

Затоа, по направената анализа на овие цени и потрошувачка на ел.енергија денес сме приморани да пристапиме на максималната тарифа за вода која е дадена од РКЕ во 2020г.

Со овие цени на ел.енергија до плафон, со зголемувањето на цените за гориво кои за 7 месеци го исцрпија планираниот вкупен износ на годишно ниво, со енормно зголемени цени на резрвните делови, прашуваме како може да издржи претпријатието да работи рентабилно и да одговори на потребите на градот 24/7 кога има многу други законски оптеретувања, како законот за минимална плата, законот за бенифициран стаж, задолжителниот надоместок за Фонд за води и мн. други.

Овде ќе спомнам дека во 2023г. РКЕ ќе излези со нови тарифи  кои ќе бидат формирани според податоците од билансот на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп од 2022г., а тоа ќе значи дека цените ќе бидат повисоки од овие  што денес се предмет на донесување. Па господа од СДСМ ве прашувам после неколку месеци каде ќе го држите пресот пред ЈКП“Водовод и канализација“ Прилеп, пред Општина Прилеп или пред РКЕ? Еве јас да ви помогнам, најдобро е да го одржите пред Влада бидеќи тогаш тие ќе ги зголемат цените.

Го изразувам моето жалење што како опозиција не ја согледувате реално состојбата и гледате само како да направите ситно партиски поени. Доколку бевте искрени ќе најдевте начин да реагирате до Влада да одговорат на барањата за помош на јавните претпријатија.

Дека намерата на централната власт е да се доведат  јавните претпријатија во ваква состојба, јасно може да се заклучи и од одбиеното барање на на ЈКП „Водовод и каналицација“ Прилеп до Централен Регистар – Скопје со кое баравме да се прошири дејноста за производство на ел.енергија со фотоволтаици.

Доколку тоа ни беше дозволено како и на едно друго јавно комунално претпријатие во Кочани денес разликите од покачувањето на потрошена ел.енергија од 30 милиони денари ќе беа инвестирани во сопствени фотоволтаици, а со тоа ќе се амортизираше дирекниот товар на граѓаните.

Ви го доставувам известувањето за обиеното барање од Централен регистар – Скопје во кое гласи дека дејноста производство на електрична енергија не преставува комунална дејност од јавен интерес и истата неможе да биде запишана како дејност на ЈП и исто така ви доставувам тековната состојба од ЈКП од Кочани на кое му е дозволено да биде регистрирано за производство на ел.енергија во време кога централната и локаната власт се од СДСМ.

Тука доагаме до заклучокот дека владата за некого е мајка а за некој маќеа. Доколку вие како СДСМ во изминативе четири години го немавте енормно зголемено бројот на вработувања во оваа ЈКП, за што е спроведена постапка до сите релевантни институции во Р.Македонија, ова ЈКП полесно би се справило со оваа криза. Само да напоменам дека со наследени 206 вработени моментално имаме 204 вработени и доклку јас продолжев со вашето како што вие кажувате недомаќинско работење каде би му бил крајот на ова ЈКП.

Затоа не ви поминуваат овие ваши пресови, за кои не треба многу интелегенција за да се разбере причината што доведе до ова нивелирање на цената за вода. Интелегентни се прилепчани, а вие им ја потценувате интелегенцијата само за  ваши политички цели“, истакна Гулабоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи