Октетот Прилеп на 29 септември 2022, четврток од 19.30 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи годишен концерт на кој се претстави со дел од својот репертоар на убава староградска музика.
Гостин на концертот е Сефедин Бајрамов.
Октетот „Прилеп“ работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“ и со години ја негува староградската песна. Досега има издадено неколку албуми.
Влезот за концертот е слободен.