„Вело тура за култура 2“ – велосипедска тура за промоција на културното наследство во Прилеп

Организацијата „ОРИОН Глобал“ во недела (09.10.2022) ја организира „Вело тура за култура 2“, настан со цел промоција на културното наследство во прилепско-пелагонискиот регион преку афирмација на велосипедот како превозно средство. Станува збор за проект кој е продолжување на минатогодишната „Вело тура за култура“ која беше одлично прифатена од пошироката јавност и претставува заедничка акција на различни чинители, организации и граѓански иницијативи.

ПРОГРАМА

– 09:30 – 10:00 Собирно место и регистрација на учесниците кај паркот во близина на црквата Св. Благовештение или попозната како Стара Црква

– 10:00 Посета на поставката „Роднокрајно музичко творештво“

Во оваа поставка се застапени лични предмети на едни од најеминентните музички имиња кои потекнуваат од прилепскиот крај. Поставката содржи околу 200 предмети, меѓу кои се најдоа личните предмети на Влатко Стефаноски, Ристо Бомбата, Сале од Кросроад Блуз Бенд, Бен Хур, Блага Петреска, Гога Зафироски, Нина Спирова, Селимова Желчески, Коста Смилески, Илија Јанчулески, Пеце Атанасовски и други.

– 10:30 Старт на велосипедска тура

Упатување кон селото Долнени, каде ќе биде посетена родната куќа на еден од великаните на македонската народна музика Пеце Атанасовски. По пристигнувањето на учесниците, ќе се одржи предавање за животот и делото на Пеце Атанасовски.

*Во дворот на куќата ќе биде поставен и пункт за освежување на учесниците, а ќе има и пауза за одмор и дружење.

– 12:30 Упатување кон Музејот за тутун Прилеп

Овој музеј ја поседува една од трите највредни поставки на светско ниво поврзана со тутунот. Музејот поседува над 10.000 експонати, од кои највредните од таа колекција се изложени во богатата поставка.

– 14:00 Упатување кон центарот на Прилеп и крај на велосипедската тура.

*Секоја од поставките ќе биде презентирана пред учесниците од страна на официјален кустос од Завод и музеј Прилеп.

Прилеп поседува непроценливо културно богатство поради кое заслужува да биде дел од туристичката мапа, а тоа може да се случи само преку афирмација и презентација. Овој проект го прави токму тоа, а воедно прави и одличен спој помеѓу културата и здравиот начин на живот, односно користењето на велосипедот како превозно средство со цел посета на дел од туристичките капацитети во регионот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи