ВИДЕО – СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп со нова иновација – искористување на дождовната вода за наводнување


СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп е едно од 5 училишта во Македонија кое доби грант од 120.000 денари од UPSHIFT програмата за својата иновација искористување на дождовната вода која се собира во специјални канистри, кои може да бидат над и под земјата и потоа со таа вода се наводнуваат површините со помош на системот капка по капка. Од СОУ „Орде Чопела“ велат дека целата идеја била да се заштити животната средина. Секој оној кој сакал да инсталира ваков систем можел да им се обрати и да добие бесплатни совети.

Ова е повик до сите земјоделци или заинтересирани луѓе да дојдат во нашето училиште, ние сме секогаш расположени да дадеме совет, поддршка за да се инсталираат вакви проекти. Е сега тука повик до нашите градежници, без разлика дали на јавни објекти или на приватни објекти, да во самите проекти го внесат овој систем за собирање на дождовница, кој е напредок на светско ниво и таа дождовница во овој момент кога имаме многу недостиг од вода да се искористи и точно може да се искористи, еве кај нас точно кога му треба на растението дожд, а не да чекаме од дождовите или од водоводот на крајот да ја користиме таа вода, од водата за пиење“, кажа проф. Ѓорѓи Гагалески, ментор на учениците при оваа иновација.

 

Средното општинско училиште „Орде Чопела“ од Прилеп покрај воспитно образовната работа како примарна дејност, во изминатиот период реализираше голем број на проекти во насока на заштита на животната средина и борба против климатските промени. Токму еден од тие проекти е системот за собирање на дождовница за наводнување на мини-овоштарникот во нашето училиште“, истакна Тереза Златеска, в.д. директор на СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп.

На повикот за грантот кој бил објавен во јануари учествувале 80 училишта, од кои биле одбрани 10, а од ниви 5 добиле ваков грант.

За оваа иновација не ни беше воопшто тешко затоа што ни беше прво интересно за дружба која ја имавме, а второ беше интересно да се дознаат нови работи како може да се искористи дождовницата за да се наводнува нашиот овоштарник и ни беше задоволство да можеме да го вратиме овоштарникот во реализација како порано за да можеме да се грижиме за него“, истакна Андреа Гагалееска, ученик во СОУ „Орде Чопела“.

 Програмата ја спроведуваат Лидери за едукација, активизам и развој од Скопје во соработка со Фондот за иновации.

„Програмата всушност поддржува училишта кои имаат иновации во делот на животната средина и всушност целата програма ги поттикнува самите ученици да решаваат предизвици во своето училиште, своето маало и во својот град и да предлагаат еко проекти и еко иновации за да ја подобрат животната средина“, додаде Иван Јованов, извршен директор на Лидери за едукација, активизам и развој од Скопје.

Ова не е прва еко иновација на СОУ „Орде Чопела“, претходно имаа проект каде сончевата енергија преку колектори се складира во посебни батерии, а потоа со микроконтролери се добива саканата температура во просторијата каде се чуваат животните на фармата со помош на вентилатори.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи