ВИДЕО – На пролет започнуваме со испорачување на проектите за Прилеп, обиколници, реконструкција на влезовите, рехабилитација на над 40 улици


Овој капитален проект овде во центарот на Прилеп, улицата Борка Талески, дел од плоштадот, практично завршува. Бевме и на цевководот на „Пашоски ливади“ кој ќе обезбеди 10 до 15% дополнителни количини на питка вода. Бидејќи немаше општината доволно проекти, изминатиот период се проектираше, се работеше, напролет почнува градежна офанзива со повеќе од 40тина улици во прилепската општина. Ова денеска во Прилеп го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Исто така и проектот кој е значаен и капитален, а тоа е влезот од Крушево, предаден е во Министерството за транспорт и врски и очекуваме Министерството за транспорт и врски конечно да ја заврши процедурата и да отпочне со реализација и тој проект. Во фаза на подготовки се и уште 2 други проекти, тоа е познатата обиколница „Сивец“, да не доаѓаат тешките камиони овде во Прилеп туку да го заобиколуваат, а исто така и влезот од кај Македонски Брод кој исто така е во фаза на подготовка. Потоа геолошките истраги за новата катна гаража во центарот на Прилеп, така што од состојба на многу проблеми и нула проекти наеднаш ќе имаме многу проекти и веќе оваа пролет започнуваме сето она што е ветено во програмата на градоначалникот, она што ви го ветувавме како ВМРО ДПМНЕ и коалицијата да го реализираме и да го испорачаме на Прилеп“, рече Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи