ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: СДСМ и официјално го проби секое дно, комплетна лага е дека сме ги укинале парите за исхрана на децата со посебни потреби


СДСМ и официјално го проби секое дно, велат во својата реакција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, која доаѓа по прес конференцијата на ОО СДСМ Прилеп во која тие обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески ги укинале парите за исхрана на децата со посебни потреби.

„Во недостиг на идеи како да се биде опозиција на локално ниво, врз грбот на децата, една посебна категорија која имала и ќе има секогаш безрезервна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ како партија која се грижи подеднакво за сите, свесно ја доведуваат јавноста во заблуда. Манипулациите и невистините искажани во денешната прес конференција, не се ништо друго освен јалов обид за лов на дневнополитички поени и ништо повеќе. Оваа кратка реакција е за да биде запознаена јавноста, а вие господа од СДСМ  со таквото  срамно однесување, не заслужувате ни три реченици како одговор!“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи