Транснационален состанок на проектот Европско движење на експерти за ран детски развој

ЛАГ АГРО ЛИДЕР со претставници од Министерство за труд и социјална политика на нашата држава на 20ти и 21ви Октомври 2022 зедоа учество на транснационален состанок во Мадрид, Шпанија во рамките на проектот Европско движење на експерти за ран детски развој, кој се проведува со поддршка на Еразмус Програмата на Европската Комисија.

Претставници на организации и институции од Centro Sportivo Italiano Рим, Италија,  Scuola Centrale Formazione, Болоња, Италија, Iasis Amke Athens, Атина, Грција Solidaridad Sin Fronteras, Мадрид, Шпанија, Kreissportbund Rhein-Erft e.V. Германија, BEST Institut für berufsbezogene Weiterbildung, Виена, Австрија и ЛАГ АГРО ЛИДЕР овие два дена разменуваа искуства од спроведената меѓународна обука и локалните обуки за едукатори за деца во рано детство, како и креирање на препораки до релевантни институции и организации за промовирање и унапредување на физичката активност и здравиот начин на живот за правилен раст и развој на децата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи