ВИДЕО – Потребно е итно подобрување на условите за развој на женските бизниси кај нас


Потребно е итно подобрување на условите за развој на женските бизниси кај нас. Според најновите статистики се поголем е бројот на оние компании кои се затвораат, а на чие чело се жени. Пример во Пелагонија како земјоделскии крај, најгочемиот дел од жените бизнисменки се регистрираат како индивидуални земјоделки, но бизнисот во позадина го води мажот. Иако жените имаат многу можности за помош преку Агенцијата за врарботување, тоа за жал не се искористува.

Жените во руралните средини не знаат кои се можностите и пристапот како да стигнат до тие можности, меѓутоа со континуирана работа на терен и информирање и мотивација можам со задоволство да кажам дека жените се охрабруваат и сакаат да отворат сопствен бизнис. Според бројките од АВРМ тука во Прилеп бројката на искористливи програми и можности за отпочнување на сопствен бизнис за жените е многу ниска. Она што треба да се направи е поголема ажурност, најпрво на јавните институции, односно АВРМ, образовните институции како што се факултетите, средните стручни училишта, поголема ажурност и мобилност на локалните самоуправи за да го поттикнат и поддржат женското претприемништво. Дополнително, сведоци сме на бројни множности кои исто така може да ги понудат и локалните самоуправи со субвенционирање на жените претприемачи“, истакна Даниела Цветаноска, локална координаторка на Националната платформа за женско претприемништво.

За надминување на овие проблеми Националната платформа за женско претприемништво веќе формира Совети за женскот претприемништво во неколку општини.

Со советите сакаме да направиме тело кое ќе ја движи општината напред према женско претприемништво. Значи ќе се направи мала стратегија за женско претприемништво, акциски план, ќе се видат активностите кои што се потребни и понатаму ќе се делува на тоа поле. Зошто го правиме тоа, затоа што ние, нашето знаење, она што го работиме на национално ниво го спуштаме на локално ниво, го пренесуваме знаењето за сето тоа да може да се прошири. Ние како организации кои долго време работиме на претприемништво, го пренесуваме нашето знаење, нашите искуства и нашите врски за креирање на бизниси и поврзување на бизнисите и надвор од нашата држава“, рече Валентина Дисоска, претседател на Здружението бизнис жени и претседател на Националната платформа за женско претприемништво.

Беше потенцирано дека за жал се уште треба да се работи и на Треба да се работи и на дискриминацијата.

 Секогаш наидуваме на дискриминација и како тоа некои бизниси треба да бидат предодредени за мажите. Еве лично од мојата професија да тргнам, секогаш е гледано како треба да биде адвокат маж. Па посебно ако си жена и ако си млада, тука е малку дискутабилно“, изјави Викторија Наумоска, адвокат.

Вакви Форуми освен во Прилеп се планира да се организираат и во другите општини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи