Повредени две лица на патот Прилеп-Ресен при судир на возила со прилепски регистарски ознаки


На 01.11.2022 во 14.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато – Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (20) од Прилеп и патничко моторно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Љ. (67) с. Славеј, општина Кривогаштани, информираат од СВР Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди  се здобила Ј.К. (57) од Прилеп, сопатничка во возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Љ., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи