ВИДЕО – Витаминка донираше 1.100 книги за библиотеката во Прилеп


Витаминка денеска донираше 1.100 книги на Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. Донацијата содржи вкупно 150 наслови од различни жанрови од домашни и странски автори, лектирни изданија, популарна литература, белетристика, детска и тинејџерска литература. Вкупната вредност на донацијата е 160.000 денари. Од компанијата велат дека нивната цел е да се популаризира читањето, особено кај младите и дека оваа донација ќе придонесе да се поттикне љубовта кон книгата и кон убавиот пишан збор.

„Како компанија со голема свесност за состојбите во општеството и воопшто во околината, со оваа донација сакаме да го свртиме вниманието кон значењето на едукацијата и читањето книги и да влијаеме врз зголемување на читачката култура. Потребно е посебно младите да се надградуваат себеси и да го спознаваат светот низ книгата и на тој начин да создаваат вистински и трајни вредности“, истакнаа Симона Симоновска Шеф на маркетинг во Витаминка.

Донацијата на книгите била направена во соработка со вработените во библиотеката кои ги дале потребните информации за тоа кои книги се најпотребни и најбарани во моментов.

„До крајниот број на книги и до изданијата дојдовме во соработка со вработените во Градската библиотека. Кои не информираа кои книги се најмногу барании во библиотеката, кои книги сакаат да ги читаат младите, особено во детскиот оддел. Имаме набавено книгии од домашни автори, како Горјан Петрески, Ванчо Николески и исто така од странски автори“, рече Душица Неделкоска, маркетинг координатор на Витаминка.

За библиотеката оваа донација значи многу, особено во одделот за деца, затоа што се збогатува  библиотечниот фонд и можноста децата да дојдат до што е можно поголем број на книги.

„Фактот што најголем дел се лектирни изданија, иако не ги заобиколуваме енциклопедиите и бестселерите значи многу, бидејќи на ваков начин им помагаме на учениците да може да дојдат што полесно до бараната литература. И ние сме неизмерно благодарни како библиотека, но и од името на нашите читатели. Бидејќи Витаминка како сите свои донации, во ррамките на таа општетствено одговорна компанија помага во заедницата, ова е прва донациија во библиотеката. Ефектите од таа донација ги чувствуваат не само оваа генерација на ученици туку и генерации потоа“, кажа Моника Талеска, директорка на прилепската библиотека.

Во донацијата се присутни и наслови кои досега не беа листирани во библиотеката како новата македонска едиција „Светот на Биби и Боби“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи