Започнува реконструкцијата на дел од локалниот пат од раскрсница за с. Саждево до с. Борино.

Започнува реконструкцијата на дел од локалниот пат од раскрсница за с. Саждево до с. Борино.

„Од денес официјално започнуваме со реконструкција на овој пат кој ќе биде проширен за повеќе од половина метар со што ќе биде безбеден и ќе може слободно да се разминуваат две возила, нешто што не беше случај досега.

Заедно со изградбата на пат Борино – Житоше 7 километри, реконструкција на пат во Јакреново и 2,5 километри до с.Саждево се комплетира овој дел од општина Крушево со значително подобрена патна инфраструктура.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Проектот се имплементира од страна на општина Крушево со финансиска поддршка на Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој. Договорот со изведувачот е во вредност од 7.532.831 и ДДВ во износ од 1.149.076 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи