ВИДЕО – Каролина Мицевска ја промовираше својата најнова книга „Записи“


Новинарката м-р Каролина Мицевска ја промовираше својата најнова книга насловена како „Записи“, која што е составена од 60 нејзини текстови пишувани во изминативе 30 години. Книгата е поделена во 3 целини со по 20 текстови, коии се печат на едно време, одбележување на се она што во изминативе 3 децении се случувало во Прилеп. Инаку оваа година Мицевска одбележува 30 години од својата кариера како професионален новинар и 20 години како новинар кој рабптел во различни медиуми. Во последниот период таа работи како советник за односи со јавност во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Пренесени се избор на репортажи, интервјуа и други текстови, она што успеав да го најдам. Ние новинарите за сите пишуваме, за сите даваме записи ама најмалку за себеси се грижиме да оставиме нешто. Направив еден избор од она што успеав да го пронајдам по весниците каде што сум пишувала и сето тоа да го селектирам, да го одберам, најдоброто од тие избрани текстови што успеав некако да ги најдам. И ете „Записи“ е тука, таа е една мала слика за се она што се случувало во изминатите 30 години. Во неа има и дел неколку текстови, односно репортажи кои што сум ги работела надвор од Македонија“, истакна Каролина Мицевска, автор на книгата „Записи“.

Промоторот на книгата м-р Елизабета Арсоска, исто така новинар, истакна дека Кога новинар ќе одлучи да објави книга тоа значи дека позади себе има долга километража, напишани илјадници реченици и проживеани три животи на просечен граѓанин. Според Арсоска таков бил и случајот со Каролина Мицеска, хроничар на едно време, чии текстови во изминатите три децении ги читавме на страниците на најстариот македонски весник Нова Македонија, но и во Народен глас, Балканска газета, во неделникот Зенит, а една емотивна, љубовна драмска едночинка „Неделна белешка“ е дел и од аудио архивата на Радио Прилеп.

Записи. Ова едноставно име е најмалиот заеднички содржател на тридецениската новинарска авантура на Мицеска која одлучи на едно место да ги собере само најзначајните текстови со свој потпис. Записи е ризница во која се грижливо одбрани новинарски бисери, меѓусебно неповрзани и објавувани во годините наназад, но чија вредност токму во ваква форма го достигнува максимумот. Текстовите жанровски се поделени на три целини од вкупно 60 наслови кои сепак носат ист печат, ист сензибилитет. Отскокнуваат од просечноста, го надраснуваат новинарскиот израз и се стремат кон повозвишеното. И во сите три дела е содржана убавината на пишаниот збор на Мицеска, нејзината страст кон патувањата и острото око кое забележува детали, нејзината дарба да го извлече најактуелното и најинтересното од интервјуата и најмногу од се, нејзината умешност да како роднокраен гласник, надалеку да се слушне за пелагонските природни и културно-историски убавини“, истакна м-р Елизабета Арсоска, промоторот на книгата.

Инаку „Записи“ е втора книга на Мицевска. Првата беше стручна „Односите со јавноста, социјалните медиуми и јавното мислење“. Низ годините била соработник  со текстови во повеќе монографии. Објавува трудови во ДНУ Прилеп, учествува на меѓународни конференции, а реализирала и десетина самостојни и групни изложби на фотографии во земјава и во странство. За промоцијата  на Прилеп во 2016 година ја доби наградата Трети ноември на град Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи