БК „АС“ од Прилеп екипен шампион во Младинската лига на Македонија


БК „АС“ од Прилеп, предводен од тренерот тренерот Дарко Чатлески стана екипен  шампион во Младинската лига на Македонија. Ова е прв пат Прилеп да се закити со една ваква голема титула.

Заслужните учесници од БК АС ПРИЛЕП на младинската лига во бокс на Македонија :

  1. Матеј Чатлески
  2. Марко Петрески
  3. Максим Стојановски
  4. Стефан Иваноски
  5. Демир Демиров
  6. Теодор Тошески
  7. Николче Соколоски
  8. Илче Малиноски
  9. Давид Наумоски

Во сениорската лига на Македонија настапија :

1.Дамјан Талимче

2.Мануел Абдуловски

Како мало потсетување членовите на БК „АС“ уште еднаш покажаа дека се незапирлив на државното првенство во бокс кое се одржа на 8-ми и 9-ти октомври овој месец во Арената Борис Трајковски – Скопје.

Медали од државното првенство во бокс на Македонија за 2022 год. освоија :

Златен медал : 1. Матеј Чатлески

Сребрени медали: 1. Максим Стојаноски 2. Марко Петрески 3. Теодор Тошески 4. Демир Демиров

Бронзени медали освоија : 1. Стефан Иваноски 2. Николче Соколески 3. Мануел Абдуловски

 

 

 

Тренерот Чатлески под видни импресии изјавии дела воошто не било лесно да се дојде до оваа титула.

„Не беше воопшто лесно да се стигне до оваа титула. Нашиот клуб макотрпно работеше во текот на изминатава година, се подготвувавме психички, физички и тактички пред секое коло. За боксерите на „Ас” оваа титула е признание за нивната работа, нивниот труд кој го покажаа за време на тренинзите и внатре во рингот. Оваа титула ќе биде поттик за младите боксери да тренираат повеќе за следните натпреварувања на кои ќе учествуваат“, вели Чатлески.

Како клуб БК „АС“ на сите натпревари во Лигата настапува со најмногу боксери, а тоа според тренерот Чатлески се должи пред се  активноста на клубот и спортскиот дух кој се движи меѓу жителите на градот Прилеп.

„Многу млади боксери од оваа Младинска лига во следната сезона влегуваат во конкуренцијата од Првата лига. Ако продолжат со вакви настапи во следната сезона Боксерскиот клуб АС ќе биде закана и за Првата лига во (сениорска конкуренција). Со завршувањето на оваа сезона, завршија и настапите за годинава. Сега ни останува само да се спремаме за настапите кои ќе не проследат следната година“, рече Чатлески.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи