ВИДЕО – Кавадаречкиот Дедо Мраз ги отвори вратите на царството – сезоната ја започна со дечињата од Прилеп


25 години хуманост и детска радост, поделени над 22.000 новогодишни пакетчиња, илјадници насмеани дечиња, помош за кои таа им е најпотребна. Годинава најпознатиот Дедо Мраз во Македонија, кавадарчанецот Ѓорѓи Варелоски одбележува чеврт век, откако секоја година се облекува во Дедо Мраз и ги повикува дечињата да ги пречека во неговиот магичен двор, да им даде новогодишно пакетче и да ги прошета низ неговото царство. Вели дека ова не го прави воопшто за бизнис тука исклучиво од срце и душа.

„Луѓето уште порано ми велеа да го оворам ова како некоја Невладина организација, но јас не сакав. Бидејќи ако го направев тоа, тогаш ова ќе станеше бизнис. Јас не сакам да печалам, ако јас сакав да печалам досега ќе имав авион и аеродроми, денеска најголемата печалба е врз децата, а јас сум сепак најбогатиот човек, не парично туку во душата. Кон сето ова помагаат њелата моја фамилија, благодарение на нивната поддршка, инаку нема шанси, ова се огромни трошоци кои ги имаме, а правиме задоволство нема само за децат од нашиот град, туку и од цела Македонија, па и пошироко“, рече истакна Ѓорѓи Варелоски, Дедо Мраз.

До пред неколку години сите пакетчиња ги давал бесплатно, но сега ги наплаќа по 150 денари. Но и тие пари не се за него, откако ќе завршат празниците ги донира на социјално загрозени семејства, а сосема мал дел остава за обнова на играчките и светилките на овој прекрасен двор.

„Лани подарив пари на 3 семејства, нема да го кажам износот, нема ни потреба и ова година се надевам дека ќе помогнам на некој“, додаде Варелоски.

 Годинава решил порано да започне со активностите за да може што е можно повеќе дечиња да го посетат. Сезоната на посети ја отвори заедно со организација на Инфо Компас, а со поддршка на Општина Прилеп и децата од основните училишта од овој град, кои пред да пристигнат тука ги прошета повеќе знаменитости на Кавадарци. Ја посетија фабриката за безалкохолни пијалоци „Кожувчанка“, потоа научија како се прави виното во најголемата и најстарата визба на Балканот, винаријата „Тиквеш“, го посетија најуникатниот музеј во Македониија, Винскиот музеј, се прошетаа и низ градскиот парк, а го посетија и споменикот „12 другари“  во Ваташа. Денот им заврши со рушек во прекрасниот ресторан „Моклиште“. А кога падна ноќта, започна магијата, тоагш се отворија вратите од домор на Дедо Мраз и неговито прекрасен двор. Дечињата беа восхитени од тоа што можеа да го видат, најуникатното место во цела Македонија.

„Прекрасно место е направено, Дедо Мраз има направено прекрасна куќа, преубава е куќата и препорачувам сите да дојдат и да ја посетат“, рече едно од дечињата.

 

„Мојата најголема желба за Нога година е да бидам здрав и жив“, рече друго детенце.

 

„Јас му препорачувам на секое дете од Македонија да дојде овде во ова прекрасно царство и да го запознае кавадаречкиот Дедо Мраз“, истакна уште едно пд децата кои ја посетија куќата на Дедо Мраз.

 Секако без столбот и најголемата поткрепа за се ова што го работи на Дедо Мраз му е кој ако не неговата Баба Мразица.

„Секогаш заедно тоа го работиме, со нови идеи и секогаш успеваме навреме да стигнеме. Тешко е да се направи сето ова да изгледа вака што изледа, бидејќи сега е и малку ладно, но полека полека се средува се. Украсите 30% се нови, а дел се стари што ги зачувуваме. Дел купуваме, а дел се наша креација“, изјави Милка Варелоска, сопруга на Ѓорѓи Варелоски.

А ова е пораката на дедото со бела брада за ова година.

 „Да имаме малку срце и душа и кога гледаме вакви добри работи да ги помагаме сите, колку можеме толку, ова се работи за нас“, истакна Варелоски.

Секој оној кој сака да го види овој несекојдневен спектакл може да дојде во Кавадарци и да го посети домот на Дедо Мраз од 18 до 20 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи