ВИДЕО – Ајде да донираме кој колку може – се поставија кутиите за донации во прилепските цркви


По 15 пат во 4-те православни храмови во Прилеп, Свето Благовештение, Свети Кирил и Методиј, Света Петка и Свето Преображение за Божикната хуманитарна акција се поставија добро познатите црвени кутиии каде граѓаните може да донираат средства за социјално загрозени граѓани. Акцијата ја организира хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски, која функционира во состав на црквата „Св. Благовештение“. Освен парични средства граѓаните може да донираат и нерасиплива храна и хемиски производи.

„Акцијата ќе таре до крајот на овој месец, значи 31 декември. Со тоа што се става акцент на Свети Никола, не случајно е избран овој празник, тогаш верниците масовно ги посетуваат храмовите, затоа го одбравме како ден кој треба да биде за оваа акција. На самиот ден Свети Никола, во центарот на градот, кај параклисот црквата учествува со продавање на свеќи, а парите од тие свеќии ќе се употребат за оваа хуманитарна акција“, истакна Драган Џокоски, хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски.

Со собраните средства потоа се купуваат намирници и се прават пакети кои потоа им се даваат на оние на кои им е потребна помош. Еден хуманитарен пакет содржи производи од околу 2.000 денари, а се планира како и секоја година бројката да не биде помала од 140-тина пакети, од кои 30-тина се даваат по селата, а останатите во градот.

„Еден апел до граѓаните, до верниците кои сакаат да помогнат да се дел од оваа акција. Ќе одиме со тој ист број на 140-тина пакети како и лани, од кои 100-тина се делат во градот, а останатите во прилепските села“, додаде Џокоски.

Инаку во текот на целата година во црквата Свето Благовештение во влезниот дел има поставено ваква кутија, а со тие пари се помагаат семејства на кои им требаат пари за лекување, луѓе чии домови се опожариле или имаат потреба од било каква друга помош.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи