11 медали за „Максам Тим“ на силниот меѓународен натпревар кој се одржа во Србија – Балкански Куп „Балканс Бест Фајтерс“


Кик Бокс Кл Клубот „Максам Тим“ Прилеп во состав на Кик Бокс Маи Таи Федерација на Македонија викендов учествуваше на силен меѓународен натпревар во Ниш Србија на Балкански Куп „Балканс Бест Фајтерс“ #7 издание. Под водство на Претседателот на КМФМ Урко Дејан Митровски.

Оваа година учествуваме со 14 натпреварувачи ( 4 во женска и 10 во машка) во повеќе возрасни и тежински категории деца, кадети, јуниори, сениори. Сите настапија во дисциплина Кик Лајт. За повеќето од нив ова беше прво искуство“, вели тренерот Пеце Ангелески.

Голема конкуренција, многу натпреварувачи, квалитетни борби и борци од повеќе држави од Балканот. Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Босна, Македонија.

„Нашите натпреварувачи од КБК Максам Прилеп имаа одличен настап, а искуството беше пресудно . На крај имаме одличен пласман и резултат со 11 медали од кои 3 златни и тоа Антонио Митрески во сениори, Теа Петреска девојки-кадети и Дамјан Иваноски категорија деца. Сребрени медали освоија Теа Велкоска сениор девојки, Мурадин Коца сениори и Андреј Смилевски во кадети. Брозени медали освоија Анастасија Јанческа кадети, Марија Чатлеска кадети, Сеад Ристемоски кадети, Алексеј Колароски помлади кадети, Леонид Ристески помлади кадети, Михаил Миткоски после првата победа во елиминациите мораше да прекине поради мала повреда на ногата, за него прво искуство и одличен настап“, вели Ангелески.

Ова беше последно натпреварување за оваа годинава за членовите ма Максам.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи