Притворен маж од прилепско Селце кој го убил својот татко

Прилепското Основно јавно обвинителство започна истражна постапка против А.М. (26) од село Селце, прилепско, по поднесената кривична пријава од полицијата заради тоа што му нанел смртни повреди на неговиот татко М.М (52) кој починал од повредите. Од ОЈО Прилеп велат дека на А.М. ќе му биде определен притвор, по што ќе тече истражната постапка.

Според информациите, полициски службеници од ОВР Прилеп вчера околу 22 часот на улица „Димо Наредникот“ во Прилеп, го лишиле од слобода А.М.(26) од село Селце, кој бил пријавен дека околу 20 часот во семејниот дом во Селце, по претходна расправија, со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко М.М. кој подоцна починал.

„Се води истражна постапка за кривично дело убиство при вршење на семејсно насилство. Поднесен е предлог за определување на мерка притвор до 30 дена до судија на претходна постапка. Издадена е наредба за спроведување на истражна постапка“, вели Маријана Илиеска, обвинител од Прилеп.

Денеска е извршена обдукција врз телото на починатиот.

Осомничениот во моментот на приведувањето бил под дејство на алкохол, а во претходниот период имале нарушени семејни односи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи