ВИДЕО – Давање на работни дозволи за Украинци и увоз работници – предлагаат бизнисмените за недостигот на работна рака


Недостигот од стручна и нестручна работна рака ќе биде најголемиот предизвик со кој во иднина ќе се соочи македонското стопанство, едноставно нека кој да работи во фабриките поради масовното иселување, оценуваат од Регионалната стопанска комора во Прилеп. Овој системски проблем би бил далеку поголем од сите досегашни кризи и морало итно да се интервенира и да се стопира миграцијата, со тоа што ќе се обезбеди поквалитетен начин на живот тука. А моменталниот недостиг на работна рака сметаат дека треба да се покрие со увоз на работници.

Можеме да го решиме или со можност за издавање на убрзани дозволи за работа на украинските семејства на кои во овој момент им е неопходна помош, а кај нас би биле вклопени во системите како на општеството, така и со самиот факт што би добиле дозвола за работа би биле дел од системот и би можеле да придонесуваат како за општеството, така и за своите семејства. И секако она што јас веќе долго време зборувам е увоз на потенцијална работна сила од земји кои Македонија би им била можност за дополнително заработување за нивните семејства, така и за остварување на некои кариери“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп.

Инаку во моментов прилепското стопанство, особено извозно ориентираните компании покажале дека и покрај сите тешкотиите во 2022 година, можеле да им пркосат на предизвиците и имале зголемување на бројот на вработени.

Зголемувањето на вработувањето се должи заради тоа што македонските извозно ориентирани компании во овој временски период се соочуваат со позитивен тренд на европските пазари и се едни од поклучните добавувачи во тој систем на добавувачи во Европа и сметам дека сега е баш сериозно, право време каде што може да се сконцентираме на техничко-технолошки раст со цел да можеме да ја задржиме нашата конкурентска вредност и да ги задржиме пазарите во Европа“, рече Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп.

Дел од компаниите пак освен недостигот на работна рака најголем предизвик во 2023 очекуваат да остане високата цена на електричната енергија и бараат поддршка од државата.

Пред се од аспект на растот на енергенсите, растот на суровините што директно влијае на конкурентноста на нашите производи, на глобалната конкурентност, бидејќи ние сме мал пазар и доколку сакаме успех мора да бидеме глобално конкурентни. Доколку компаниите во Македонија бидат оставени сами на себе си тоа ќе биде проблем, како што кажав од аспект на глобалната конкурентност, бидејќи на пазарот се соочуваме со фирми кои веќе се субвенционирани од нивните институции“, додаде Љупчо Велески, директор на извоз во прехрамбена компанија.

Од Регионалната стопанска комора сметаат дека стопанството сепак ќе се стабилизира и дека идната година може да понесе покачување на минималната плата, еден од основните услови за остаување на граѓаните во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи