Злато, темјан и смирна – едни од ретките реликвии поврзани со овоземниот живот на Исус Христос кои се чуваат на Света Гора


Злато, темјан и смирна биле даровите кои мудреците од Исток му ги принеле на Младенецот Исус Христос при неговото раѓање во Витлеемската пештера. Според преданието подароците на мудреците се едни од ретките реликвии поврзани со овоземниот живот на Исус Христос кои се зачувани до денес. Според ова предание Богородица ги подарила овие свети мошти на две девици – нејзините роднини, непосредно пред нејзиното Успение.

Подоцна овие дарови биле пренесени во Византија, а по освојувањето на Константинопол од страна на Турците во 1453 година, стигнале до Атон, каде што според преданието ги донесла српската принцеза Мара. Денес даровите се наоѓаат на Света Гора Атонска, каде што се чуваат од 15 век во манастирот Св. Павле.

Даровите се состојат од три златни чинии со тенки филигрански шари, на кои со сребрени конци се закачени мониста од мешавина од темјан и смирна. Според сведочењето на верниците кои го посетиле овој манастир подароците често ширеле необјаснива, неземска миризба, која особено се засилувала кога светиот предмет ќе се изнесе од манастирската ризница до средината на храмот за да можат верниците да му се поклонат. Верниците се молат пред светилиштето и често добиваат исцелување на многу тешки болести.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи